Инспекторите на ОПЦВ вторпат земаа примероци во Дума

Тие земаа примероци што треба да утврдат дали на тоа место се случил напад до хемиско оружје на почетокот на април.

62

Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) посетија и другата локација во сирискиот град Дума.

Тие земаа примероци што треба да утврдат дали на тоа место се случил напад до хемиско оружје на почетокот на април.

Органзизацијата соопшти дека примероците ќе ги испрати во нејзината лабораторија во Холандија, заедно со претходните.

Мисијата на ОПЦВ првпат ја посети Дума во текот на викендов, бидејќи доаѓањето на инспекторите беше одложувано од безбедносни причини.

ОПЦВ има мандат да утврди дали е употребено хемиско оружје, но не и да определи кој е одговорен за неговата употреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...