Иновативни проекти ќе станат бизниси со грант на „БалканМед ИННОВА“

Конкурсот за плицирање во проектот ќе биде објавен на крајот на годинава.

265

Пет иновативни проекти на млади претприемачи ќе можат да прераснат во нивни бизниси помогнати од ментори и пари од проектот, ако ги исполнат криетриумите за најквалитени во рамки на конкурсот за БалканМед ИННОВА – Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации.

Проект менаџерот Александар Филиповски денеска соопшти дека дека конкурсот ќе биде објавен на крајот на годинава. Изборот на петте најдобри и најиновативни проекти ќе биде извршен на почетокот на следната година по што следи циклус на обуки на носителите на проектите и менторирања. Во јуни ќе им бидат доделени и грантови од по 4.000 евра.

– Ќе им бидат доделени ментори кои ќе ги обучуваат како нивната идеја да прерасне во бизнис, како да ги надминат препреките и да опстанат на пазарот.Токму немањето на финансиски средства, менаџирањето на бизнисот пристапот до пазарот и поврзувањето со регионот се главните препреки кои треба да ги поминат малите бизниси за да останат во живот и да се равиваат. Тоа ќе им биде овозможено преку овој проект – вели Филиповски.

Проектот предвидува помагање на проекти кои се од дејнсотите, туризам и културно наследство, информатички технологии, агробисниц и животна средина и екологија.
Отворена ќе биде и веб школа што ќе ги научи младите претприемачи на водење бизнис преку тренинг материјали, курсеви, видеа и други останати корисни алатки.

Во регионалниот проект „Балканско-медитерански центар за иновации и претприемништво“ освен Македонија, се вклучени и Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.

Главна цел на проектот БалканМед ИННОВА е низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постојните мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...