Македонија е еден од главните столбови на економската стратегија на Германија, германските компании сакаат да дојдат тука, но мора да се инвестира во образованието за да се обезбедат доволно квалификувани кадри, изјави директорот на Одделот за проширување на ЕУ во германското Министерство за економија Хелге Толксдорф на прес конференцијата организирана по формирањето и правата седница на Мешовиот управивуачки комитет на Македонија и Германија.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев соопшти дека Мешовитиот управувачки комитет ќе треба да ја забрза соработката на економско поле меѓу двете земји, унапредување на трговијата и надминување на сите бирократски бариери за поголема и поинтензивна размена.
– Основни теми во зголемена индустриска соработка меѓу државите со кој ќе обезбедиме да се најдат повеќе македонски производи во Германија, потоа да се најде повеќе технологија од Германија во земјава и да имаме повеќе инвеститори од Германија во земјава. Втората област е подобрување на инфраструктурата. Тука очекуваме поголема поддршка од германската страна. И третата областа е образование каде што ќе се обидеме да ги пренесеме практичните искуства на Германија во практичното образование – рече Анѓушев.
Анѓушев оцени дека тоа е силна поддршка од Германија за земјава.