Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пораст од 4,6 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ е регистрирано опаѓање од 15,8 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 14,9 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 12,7 отсто, „капитални производи“ за 5,5 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4 отсто.