Индустриското производство во септември порасна за 4,5 отсто

Раст е забележан во секторите „рударство и вадење на камен“ за 4,7 отсто, „преработувачка индустрија“ за 3,6 отсто и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 19,2 отсто.

64

Индустриското производство во септември е зголемено за 4,5 отсто во споредба со истиот месец лани, а зголемување од пет проценти има и за периодот јануари – септември, објави Државниот завод за статистика.

Раст е забележан во секторите „рударство и вадење на камен“ за 4,7 отсто, „преработувачка индустрија“ за 3,6 отсто и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 19,2 отсто.

Зголемувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбените производи, пијалаците, текстилот, основните фармацевтски производи, како и производството на метали, машини и уреди, моторни возила и мебел.

Според главните индустриски групи, раст е забележан кај „енергија“ за 15,5 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,1 и „капитални производи“ за 14,9 отсто. Опаѓање има кај „трајни производи за широка потрошувачка“ и „нетрајни производи за широка потрошувачка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...