Индонезија: Тепање со стап отсега само зад затворени врати (ВИДЕО)

Ваквата одлука е резултат на меѓународната осуда на тепањето на двајца мажи лани поради тоа што биле во хомосексуална врска, што, според оценките на индонезиските власти, „го загрозило имиџот на Индонезија“.

250

Казнувањето со удари со стап поради прекршување на Шеријатскиот закон веќе нема да се изведува на јавни места во конзервативната индонезиска провинција Ацех, соопшти гувернерот на областа, Ирванди Јусуф.

Неофицијално, ваквата одлука е резултат на меѓународната осуда на тепањето на двајца мажи лани поради тоа што биле во хомосексуална врска, што, според оценките на индонезиските власти, „го загрозило имиџот на Индонезија“.

Новите правила се утврдени со меморандумот за разбирање што го потпишаа гувернерот на Ацех и шефот на регионалната Канцеларија за човекови права, со кој се предвидува казнувањето со удари со стап да се врши исклучиво во казнено-поправните установи.

Според документот, граѓаните и натаму ќе можат да го гледаат тепањето, но снимањето е забрането.

Последен пат јавното тепање со стап во Ацех е извршено на 27 февруари.

Ацех е единствена провинција во Индонезија, што го практикува Шеријатскиот закон, откако централната Влада направи отстапки во 2001 година, при напорите да се стави крај на повеќегодишната војна за независност на регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...