Индонезискиот претседател Џоко Видодо упати барање за меѓународна помош по катастрофалниот земјотрес и цунами кои убија над 1.200 луѓе.
Потресите и бранот најсилно го погодија островот Сулавези, каде новинарите јавуваат дека во градот Палу најмлаку 300 жртви биле закопани во масовна гробница со цел да се избегне ширење заразни болести.
Томас Лембонг, координатор на Индонезискиот инвестициски совет, изјави дека земјата бара помош, но засега не е прецизирано каков вид на помош е најмногу потребнa.