Индијка роди близначки на 73 години

Нејзиниот 82-годишен сопруг неколку часа по раѓањето на бебињата изјавил дека двајцата се многу среќни. Меѓутоа, само еден ден откако се родиле близнаците таткото претрпел мозочен удар и се наоѓа во болница.

406

Индијка на 73-годишна возраст родила близначки во индонезиската држава Андра Прадеш.

Лекарите ја породиле жената која е зачната со помош на вонтелесно оплодување.

Гинекологот изјави дека мајката и двете женски бебиња се добри.

Мангајама Јарамати рече дека таа и сопругот, кој има 82 години, отсекогаш сакале деца, но досега не успеала да зачне.

Нејзиниот сопруг Ситарама Рајарао неколку часа по раѓањето на бебињата изјави дека двајцата се многу среќни. Меѓутоа, само еден ден откако се родиле близнаците таткото претрпел мозочен удар и се наоѓа во болница.

– Ме нарекуваа жена без деца. Се обидовме многу пати и одевме кај повеќе доктори. Ова е најсреќниот период во мојот живот – рече мајката.

Близначките се родени со царски рез, што е вообичаена процедура во такви случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...