Индија ја забрани најголемата верска група во Кашмир

149

Индија ја забрани Џамаат-е Ислами, најголемата политичка и религиозна група во индискиот дел на Кашмир во рамки на акцијата против активистите, кои бараат крај на индиското владеење во тој спорен регион, а среде најтешкиот конфликт помеѓу Индија и Пакистан во текот на две децении.

Властите денеска воведоа безбедносна блокада во неколку делови од регионот, вклучувајќи и во центарот на Сринагар, во очекување на протести против индиското владеење.

Полицијата и војниците носат автоматски пушки и опрема за побуна и поставуваат барикади и жици долж улиците и раскрсниците.

Тие патролираат на улиците на Сринагар и воведоа ограничувања околу главната градска џамија Масџид, забранувајќи ја во неа традиционалната молитва в петок.

Индиското Министерство за внатрешни работи синоќа издаде петгодишна забрана за Џамаат-е Ислами, обвинувајќи ја за „незаконско здружување” и поддршка на екстремизмот во регионот.


Полицијата уапси најмалку 400 активисти и лидери, главно членови на Џамаат-е Ислами, која бара самоопределување за целиот Хималајски регион, кој е поделен меѓу Индија и Пакистан, но на кој двете земји имаат право.


Забраната е изречена во момент додека се зголемени тензиите меѓу Индија и Пакистан.


Пакистан на 27 февруари објави дека соборил два индиски воени авиона, само еден ден по воздушните напади на Индија врз пакистанскиот дел на Кашмир, во знак на одмазда за самоубиствениот напад врз индиските војници во Кашмир на 14 февруари,
 во кој загинаа најмалку 40 војници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...