Индија успешно тестирала балистичка ракета „Агни-4“

86
ФОТО: МИА

Индија соопшти дека денеска успешно тестирала балистичка рекета од типот „Агни-4“, која може да носи и нуклеарна боева глава.

Ракетата била лансирана од воен полигон на остовот Абдул Келам во Бенгалскиот Залив, крај брегот на индиската сојузна држава Одиша и ја погодила замислената цел.

– Ракетата, која е една од најновите, има модерна и компактна аеронаутичка радиоелектроника, која гарантира високо ниво на безбедност и прецизност – соопшти индиската Агенција за одбранбени истражуваања и тестирања.

Денешниот е седми тест на ракетата „Агни-4“, која може да погоди цел на далечина до 4.000 километри.

Покрај оваа, во состав на индиската Армија се и балистичките ракети „Агни-1“ со дострел до 700 километри. „Агни-2“ со дострел до 2.000 килоемтри и „Агни-3“ со дострел до 3.000 километри. Се очекува наскоро во состав на Вооружените сили на Индија да биде вклучена и ракетата „Агни-5“, која ќе има дострел до 5.000 километри.

Индиската Армија работи на производство на ракета „Агни-8“, која би имала дострел до 10.000 километри и би можеле да биде лансирани и од подморници.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...