Врховниот суд на Индија наложи мавзолејот Таџ Махал, најпознатата индиска знаменитост и едно од седумте нови светски чуда, итно да се обнови или едноставно да се уништи!
Белиот споменик на љубовта во северниот индиски град Агри би можел да се сруши што предизвика незадоволство во Врховниот суд кој ја критикуваше Владата на земјата за пасивност и рамнодушност кон тој архитектонски споменик.
Гробница за најсаканата
Тој мавзолеј од 17, век, кој Шах Џехан го изградил како величествена гробница на својата најсакана, трета сопруга Мумтаз Махал, со годините го губи сјајот, а на ѕидовите почнале да се појавуваат пукнатини, што може да биде поврзано со намалувањето на нивото на реката Јамуна која протекува покрај мавзолејот. Во Јамуна се фрла и индустрискиот отпадок, а исто така, традиционално се расфрла и пепелта по кремирањата.
Пресушувањето на реката би можело да доведе не само до оштетување на мавзолејот поради промената на структурата на земјата, туку и до негово целосно рушење. Раскошниот мавзолеј, инаку, одамна почна да ја менува бојата поради загаденоста на воздухот и инсектите кои оставаат дамки по него. Роеви инсекти оставаат жолти, зелени и црни дамки на некогаш блескаво белиот споменик. Во последните 30 години загаденоста на животната средина и влошувањето на ситуацијата поради растот на индустријата и домаќинствата имаа критични последици за Таџ Махал.
Властите со години ги занемарувале предупредувањата на стручњаците дека на Таџ Махал му се заканува уништување. Затворени се и многу фабрики во близината на мавзолејот, но општата ситуација не се променила – мермерот продолжил да го губи својот сјај.
Наредба
Индискиот врховен суд во мај и нареди на Владата да бара помош од странците, за да се реши проблемот со бојата на Таџ Махал, а сега властите ги стави пред избор: или да се обнови уникатниот споменик, или едноставно да се уништи. Ако овојпат не дојде до реакција на челниците на мавзолејот, со одлука на судот ќе биде затворен за посети.
„Индискиот бисер“ и носи големи пари на Индија. Годишно Таџ Махал го посетуваат најмалку пет милиони луѓе, меѓу кои и 200.000 странци. Поради големиот број туристи во градот Агри се отворени повеќе од 200.000 работни места, што ја прави основата на економијата на тој град. Според СЗО, Агри е на осмото место на најзагадени градови на светот.
За да ја покаже сериозноста на своите намери, Врховниот суд на Индија објави дека од 31 јули 2018 година за „случајот Таџ Махал“ редовно ќе се слуша, ако не и секојдневно.
Скапоцен камен на исламската уметност
Таџ Махал е сврстен на листата на споменици на УНЕСКО за Светско наследство и е опишан како „скапоцен камен на исламската уметност во Индија, и е еден од универзално признаенитеа ремек-дела на светското наследство“.