Индиски пратеник облечен како Хитлер се појави во Парламентот

213

Индискиот пратеник Нарамали Сивапрасад ја шокираше јавноста откако во Праламентот се појави облечен како Адолф Хитлер.

Сивапрасад, кој инаку е поранешен актер, се појави како поранешниот нацистички диктатор во знак на протест за владината одлука на државата Андра Прадеш, која тој ја претставува, да не и се додели посебен статус и да добие поголеми средства за економски развој.

Инаку, не е првпат овој 67-годишен пратеник, кој е инаку член на партија која до неодамна беше дел од владејачкото мнозинство, во Парламентот да се појавува маскиран – претходно беше облечен како митолошко суштество, хиндуистичко божество, духовен водач и жена.

– Ова го правам за да го привлечам вниманието на јавноста. Ова ќе ги натера луѓето да размислуваат, изјави Сивапрасад и додаде дека сите маски досега биле испирирани од неправедниот третман на Владата кон неговата држава.

А последниот пат се облекол како Хитлер, бидејќи нацистичкиот лидер никогаш не барал ничив совет и не работел за доброто на народот, а според него во некои области индискиот премиер Нарендра Моди го прави истото.

Пратеникот потенцира дека имал високи очекувања кога Моди ги освоил изборите во 2014 година, но неговата Влада потфрлила.

Меѓутоа, последото негово маскирање предизвика оштра полемика во индиската јавност, при што за дел од граѓаните тоа е само претстава, додека други му упатија критики дека е недозволиво на таков начин да се популаризира Хитлер, кој е виновен за смртта на милиони луѓе.

Сивапрасад во своја одбрана наведе дека тој е уметник и на креативен начин се обидува да ги соопшти своите ставови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...