Индискиот гуру Асарам Бапу денеска е прогласен за виновен за силување на тинејџерка во 2013 година.
Судијата ја објави пресудата против 77-годишниот Бапу, во затворот во северната држава Раџастан, под засилно полициско обезбедување, за да се спречи насилството од страна на неговите следбеници.
– Гуруто беше осуден за силување на 16-годишно девојче во неговиот ашрам – изјави адвокатот на жртвата Утсав Баинс, додавајќи оти гуруто може да биде осуден на доживотна затворска казна.
Бапу има 400 ашрами кои учат медитација и јога, а има и милиони следбеници низ целиот свет.
Против контроверзниот гуру исто така се води судски процес, во кој заедно со неговиот син се обвнинети за силување на две сестри.