Индиската полиција истражува злоупотреба на хормони за раст на девојчиња во јавни куќи

Единаесет девојчиња од кои четири се помлади од седум години, се спасени од јавна куќа во Јадагиригути, каде биде подготвувани за проституција, соопшти полицијата.

212

Индиската полиција истражува злоупотреба на хормони за растење во случај со трговија со деца за сексуални цели, откако уапси осуммина кои се обвинети за искористување на девојчињата во бордели ширум државата Телангани.

Единаесет девојчиња од кои четири се помлади од седум години, се спасени од јавна куќа во Јадагиригути, каде биде подготвувани за проституција, соопшти полицијата.

– Трговците со луѓе признаа дека на девојчињата им давале хормонски инекции, изјави Мадеш Багват – висок претставник во Управата на главниот град на Телангани, Хадерабад.

– Тоа е јасен случај во кој се гледа како на довојчињата им вбризгувале хормони да изгледаат постари – додаде тој.

Полицијата е во потрага по лекар кој криминалците ги снабдувал со инекции со хормони.

Според проценки на невладини организации, од околу 20 милиони девојки и жени кои се во сексуалната индустрија во Индија, 16 милиони се жртви на трговци со луѓе. Осуммината трговци со луѓе за секое девојче на семејствата им платиле по 200.000 индиски рупии (2917 американски долари), додава полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...