Индиец си ги исече ноктите првпат по 66 години

На последното мерење, вкупната должина на неговите нокти на левата рака изнесуваше повеќе од девет метри.

180

Човекот што имаше најдолги нокти на светот, Индиецот Шридар Чилал си ги исече ноктите по цели 66 години. На последното мерење, вкупната должина на неговите нокти на левата рака изнесуваше повеќе од девет метри.

Поради нив, Чилал се најде и во Гинисовата книга на рекорди.

Но, тоа имаше и лоши последици, оти неговата лева рака остана трајно хендикепирана.

Своите рекордни нокти, Индиецот ги исече со мала електрична брусилка, а потоа ги подари на Музејот на Њујорк Сити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...