Фирма основана од фирма сопственост на семејството на премиерот Зоран Заев, добила милионска сума поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), открива порталот Инбокс 7.
Станува збор за фирмата „Пауерад“ од Струмица, основана лани од Митко Христов од Струмица и Акционерско друштво за индустрија за градежни материјали „ЕЛЕНИЦА Струмица“ чиј сопственик е Трајче Заев, прв братучед на премиерот Зоран Заев.
Фирмата е основана на 13 февруари 2018 година, само неколку месеци од објавувањето на повикот за доделување на спорните грантови од ФИТР.
Порталот тврди дека две недели по откривањето на скандалот за добитниците на помош од ФИТР, фирмата „Еленица“ се повлекла од сопственоста во „Пауерад“.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.