Импичментот му го крена рејтингот на Трамп

И покрај тој нов личен рекорд, Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичмент за неколку дена, по третпат во историјата на САД.

194
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Популарноста на американскиот претседател достигнува рекордно ниво неколку дена пред соочувањето со импичмент.

– Неколку денови пред историското гласање за отповикување од функцијата во Претставничкиот дом, Доналд Трамп има највисоко ниво на популарност – 43 отсто од анкетираните позитивно се изјасниле за него наспроти 52 отсто со негативен став, соопшти американскиот универзитет Квинипак, кој редовно извршува такви анкети.

И покрај тој нов личен рекорд, Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичмент за неколку дена, по третпат во историјата на САД.

Покрај тоа, популарноста на сегашниот претседател е помала од онаа на повеќето негови претходници во исто време во нивните мандати.

На 23 октомври, пред да започнат јавните расправи за импичмент, популарноста на Трамп беше само 38 проценти, потсетува универзитетот. На 10 декември тој имаше поддршка од 41 процент од Американците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...