Имелда однесе две жртви во Тексас

Речиси 2.000 луѓе се евакуирани и спасени од поплавите.

33

Најмалку две лица загинаа во поплавите кои го погодија Тексас по тропската бура Имелда, а спасувачките екипи се обидуваат со чамци да стигнат до возачите чии автомобили се заглавени во водената стихија, како и до семејствата кои останале во своите куќи.

Градоначалникот на Хјустон Силвестер Танер изјави дека од синоќа поплавите почнале да се повлекуваат во поголемиот дел на градот.

Како што е соопштено, припадниците на полицијата постојано работат за да ги расчистат автопатите од напуштени возила поради поплавите.

Речиси 2.000 луѓе се евакуирани и спасени од поплавите.

Локалните медиуми јавија дека обилните дождови донеле поплави и во делови од југозападната американска држава Луизијана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...