Имелда Маркос осудена за политичка корупција

65

Филипинскиот суд ја осуди поранешната прва дама Имелда Маркос за политичка корупција и издаде налог за нејзино апсење.

Судот за 89-годишната Маркос изрече казна затвор во траење од шест до 11 години поради проневера околу 200 милиони долари преку швајцарска фондација во текот на 70-тите години од минатиот век.

На денешното судско рочиште не присуствуваше ниту Маркос, ниту кој било нејзин претставник.

Имелда е сопруга на поранешниот филипински претседател Фердинанд Маркос, кој беше соборен од власт во 1986, а почина во 1998 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...