Има 80 години, а доби син од сопруга помлада 38 години (ВИДЕО)

357

Сопругата на Остоја е помлада од него 38 години и има уште два сина со него. Сакаат и ќерка следната година. Таа дознала дека е бремена два месеца пред породувањето.

Остоја Варцар, земјоделец од Разбој во близина на Србац, роден во 1939 година, на осумдесет години го доби синот Стефан, пренесува 24часа.

Неговата сопруга Сања, со која има уште два сина, Милан (21) и Сава (17) е 38 години помлада од него, и вели дека со сопругот планираат и ќерка следната година.

Двојката истакнува дека малиот Стефан им донесе радост во семејството.

– За љубов и семејна среќа, годините не се никаква пречка. Сања и јас се засакавме во Сараево по бегањето од Зеница. Тоа беше љубов на прв поглед, иако јас имав уште еден брак и три ќерки – раскажува Остоја.

– Стефан ме подмлади, и мене и нашиот брак го просветли. Само сакам да биде здрав и жив, а среќата секако ќе дојде, истакнува тој смеејќи се.

Сања, на која во грижата за детето ѝ помага сестрата на Остоја, Деса (84), истакнува дека нејзиниот сопруг е добар и вреден и посветен на семејството.

– Нашиот брак е успешен. Стефан е негова круна. Искрено, јас не верував дека сум бремена. Отидов на лекар мислејќи дека сум влегла во менопауза, а потоа дознав, месец-два пред породување, дека сум бремена – објасни Сања.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...