Вкупно 8.156 слободни работни места се регистрирани во последниот квартар лани , објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Најмногу слободни места има во преработувачка индустрија (2.941). Следуваат трговија (1.512), транспорт и складирање (553), административни дејности (424), здравствена и социјална заштита (422)…
Гледано по региони најмногу работници се бараат во Скопскиот регион вкупно 3.737, Пелагониски (1.445), Источен (829), Југозападен (668), Вардарски (543), Југоисточен (488), Полошки (262) и Североисточен (185).