Сите луѓе кои се жалат дека имаат краток здив и дека не можат убаво да дишат, треба да се обратат за лекарска консултација. Ова нарушување на латински се нарекува диспнеа, а во буквален превод значи глад за воздух или недостаток на воздух.
До диспнеа може да дојде во рамките на предменструален синдром (ПМС), менопауза, стрес, нервоза, пушење, како и поради промени на климатските услови, но причина може да бидат и многу сериозни состојби.
За појавата на „тесен граден кош“ или „чувство дека не може да се вдиши до крај“, како што пациентите вообичаено ја опишуваат диспнеата може да биде одговорна астмата, хроничниот бронхитис, воспаление на белите дробови, пукање на белодробната обвивка, претворањње на белодробното ткиво во лузни или присуство на вода во плеврата. Исто така, причина може да бидат и кардиолошките проблеми, како што се нарушување на ритамот на срцето, слабост на срцето, воспаление на срцевиот мускул, како и анемија и заболувања на штитната жлезда, објаснуваат пулмолозите.
За утврдување на точната причина, неопходна е дијагностика.
Според стручњааците, не треба да се тргнува од претпоставката дека недостатокот на воздух е последица на нервоза или стрес, туку треба да се исклучат сите други причини. Важно е навреме да се направат основите лабораториски анализи, ЕКГ и сннимка на белите дробови. Во зависност од наодите, на пациентот му дава упат за соодветен специјалист.
Здравите животни навики, откажувањето од пушење и антистрес програмите како јога и медитација, кај лицата чија диспнеа не е последица на сериозни органски болести, може многу да ја подобрат состојбата.
Вежбите за дишење се важни кај пациентите кај кои ова нарушување е предизвикано од белодробни болести. Кај пациентите кај кои причина за диспнејата е нервозата или хормоналниот статус, исто така, помагаат вежби за опуштење, чаеви и послаби седативи, но само оние кои ќе им ги препише лекарот.
Foto: Photospin
–
–