Илјадници фанови и оддаваат последна почит на Арета Френклин ВИДЕО

136

Во следните два дена се очекува илјадници фанови да и оддадат последна почит на кралицата на соул музиката Арета Френклин во нејзиниот роден град Детроит, каде нејзиното тело е изложено пред јавноста.

Френклин почина пред речиси две недели, а ќе биде погребана в петок.

Телото на Френклин од денеска е изложено во Музејот на афроамериканската историја, каде во 2005 година исто така било изложено и телото на активистката за граѓански права, Роса Паркс. Во Детроит е прогласена една недела жалост.

Телото на Френклин во нејзиниот роден град пристигна во бел ретро кадилак, во златен ковчег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...