Илјадници римјани протестираа на „Петоци за иднината“, основците со неоправдани часови

118
ФОТО: EPA / ALESSSANDRO DI MARCO

Илјадници лица, вклучувајќи и ученици од основните училишта се придружија на денешниот протест во Рим против климатските промени, инспириран од екоактивистката, шведската тинејџерка Грета Тунберг.

Протестите „Петоци за иднината“, кои ги почна Тунберг, предвидуваат изостанување од настава во петок со цел да се излезе на улиците и да се изврши притисок врз политичарите за да направат нешто повеќе во борбата против климатските промени.

– Чао Рим, чест е да се биде тука со вас денеска, изјави Тунберг на протестот на кој беше пречекана со извиците „Ја сакаме Грета“ и „Со Грета ќе ја спасиме планетата“.

Организаторот соопшти дека на протестот присуствувале над 25.000 лица.

Грета пристигна во Рим завчера, и за време на нејзиниот престој имаше куса средба со папата Франциско и се обрати пред италијанскиот Сенат.

На денешниот протест, Грета и останатите говорници на сцената користеа енергија која не загадува, произведена од десетина волонтери кои ги вртеа педалите на велосипеди, прикачени на динама.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...