Помеѓу 1.500 и 2.000 луѓе го напуштија Багуз, последната енклава на Исламска држава во источна Сирија и се предадоа на Сириските демократски сили (СДФ), изјави портпаролот на СДФ, Мустафа Бали.
Тој додаде дека помеѓу тие што се предадоа има и борци на ИД и членови на нивните семјества.
Претходно, претставници на Сириските демократски сили, кои ја предводеа офанзифата во Багуз, поддржани од САД, потврдија дека екстремистите од ИД се пред дефинитивен пораз во своето последно сириско упориште.
СДФ повеќе недели го држеше Багуз под опсада, но повеќепати беше пролонгиран конечниот напад со цел да се овозможи евакуација на илјадниците цивили, од кои голем број се жени и деца борци на ИД.