Индиската Влада на 5 август го укина членот 340 од индискиот Устав што на овој регион му ја гарантираше автономијата по сите прашања, освен надворешната политика, одбраната и комуникациите.
Пакистан на овој потег одговори со прекин на трговските и транспортните врески, а го протера и индискиот амбасадор од земјата.
Демонстрантите во Лондон денеска носеа натписи „Кашмир гори“, „Слободен Кашмир“ и „Моди: прави чај, а не војни“, обраќајќи му се на индискиот премиер.
Полицијата спречи да дојде до судир на демонстрантите со помала група антидемонстранти.
Многу демонстранти денеска во Лондон пристигнаа со автомобили од другите англиски градови.
-Сакаме да покажеме солидарност со нашите браќа од Кашмир, изјави Амин Тахир, британски пензионер од кашмирско потекло, кој пристигнал од Бирминхам.
Индискиот премиер Нарендра Моди, во четвртокот, во обраќањето до нацијата за Денот на независноста, го величеше укинувањето на автономијата, истанувајќи дека посебниот статус на покраината Кашмир и Џаму ја поттикнувал корупцијата и непотизмот, создавајќи неправедно опкружување за жените, децата и малцинските заедници во овој единствен мнозински муслимански индиски регион.