Илјадници Индијци одсечени во големите поплави, се повеќе мртви

147

Индијските спасувачки екипи со поддршка на хеликоптери и стотина чамци и натаму спасуваат илјадници луѓе кои останаа отсечени од светот во поплавите во јужната држава Керали, во кои од поичетокот на сезоната на монсуните загинале повеќе од 350 луѓе.

Во полавите кои се најголеми во изминатите 100 години во таа држава, загинале 357 луѓе, објавија локалните власти. Во последните 24 часа пронајдени се 33 мртви.
Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе траат до 23 август.

Околу 350.000 луѓе погодени од поплавите морале да се засолнат во 3.000 привремени логори.

На помош се испратени илјадници војници, морнари и припадници на воздушните сили.

Оштетени се околу 10.000 километри патишта и 134 мостови поради што цели реони се отсечени од светот.

Вода, храна и лекови се доставуваат со хеликоптери, а испратени се возови со питка вода.

Од почетокот на монсуните, во седум индијски држави загинале 868 луѓе, според податоците на индиското министерство за внатрешни работи.

Според првите процени, штетите изнесуваат 2,9 милијарди долари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...