Илјадници демонстранти во Хонг Конг низ улиците на градот направија жив ѕид долг 50 километри, во чест на 30 годишнината од „Балтичкиот пат”.
Пред 30 години жителите на балтичките земји направија жив ѕид долг со километри за да го изразат својот револт против советската окупација.
Илјадници демонстранти во Хонг Конг се држеа раце и светеа со мобилните телефони во трговската област на познатиот Залив во Хонг Конг, формирајќи жив ѕид во знак на протест против про- Кинеската влада.
Трите балтички земји, сега членки на Европската унија – Естонија, Латвија и Летонија – ја слават 30-годишнината од еден од најголемите антисоветски протести на 23 август, кога над милион учесници направија жив ѕид долг повеќе од 600 км.
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY