Илузионистот Андреј Шкедел од херој се претвори во трагичар откако потфрли во финалето на хрватскиот „Суперталент“.
Тој првично не беше меѓу финалистите, но по барање на обожавателите, продуцентите го вратија во натпреварот. Така, тој одбра точка со бегство од затворен сад со вода.
Сето тоа, според коментарите на интернет заврши неславно. Имено, откако жирито го чекаше 3,5 минути да излезе од садот, маѓионичарот се одлучи на поинаква завршница, па се појави зад нив, спуштајќи се со јаже. Тоа не им се допадна на гледачите.
– Измама! Тука се случи голема измата – вели еден од нив.
(ФОТО МИА)