Во нов е-мејл Илон Маск обвини спасувач на децата од пештерата во Тајланд дека е „силувач на деца“ и дека се надева дека „ќе има тужба“.
Во е-мејл до „Базфид њуз“, директорот на „Тесла“, Илон Маск, обвинил дека британскиот спелеолог Вернон Ансворт се преселил во Тајланд за да се ожени со девојче кое во тоа време имало 12 години.
– Ви препорачувам да се јавите на луѓе во Тајланд, да дознаете што навистина се случува и да престанете да браните силувачи на деца – стоело во е-мејлот од Маск до „Базфид“, без ЦЕО-то на „Тесла“ да достави докази за наводите.
Претходно Маск за Британецот кој имаше голема улога во спасувањето на децата од Тајланд го нарече „педофил“, но откако Вернон Ансворт се закани со тужба, Маск се извини.
ФОТО: EPA-EFEPONGMANAT TASIRI
EPA Albin Lohr-Jones