Илон Маск го продава својот луксузен бунгалов во Лос Анџелес по цена од 4,5 милиони долари

354

Илон Маск реши да го продаде својот луксузен бунгалов во Лос Анџелес со површина од околу 280 квадратни метри, кој сепак, е доста помал во однос на останатите негови имоти, и има четири спални соби, три бањи и доста комотен кабинет, објави „Форбс“.

Затоа пак, завесите на пример, може да се управуваат по електронски пат, со мобилен, како и безбедносниот систем, музичкото озвучување, клима-уредот и осветлувањето. Во дворот има и базен.

Милијардерот првично ја купил куќата за 3,7 милиони долари, во 2013., заедно со тогашната сопруга Талула Рајли. Сега имотот чини најмалку 4,5 милиони долари.

ФОТО: EPA/BEN MACMAHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...