Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, меѓународната невладина организација Македонија 2025 и адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, поднесоа барање до Собранието на Република Македонија за автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност.
„Барањето за автентично толкување се јави како потреба врз основа на анализите и сознанијата за одредени проблеми со кои се соочуваат компаниите, во однос на даночниот третман при извоз на услуги. Имено, на компаниите им се наметнува обврска за неосновано засметување и плаќање на ДДВ, што беше главниот двигател за актуелизирање на прашањето за создавање стабилна и предвидлива законска рамка, без простор за правни празнини при имплементацијата на постојните законски решенија“, соопшти МАСИТ.
Оттаму велат дека Владата дала позитивно мислење по однос на оваа инцијатива,a формален подносител на ова барање е пратеничката Ивана Туфегиќ.