Иконата на кантри музиката ќе си добие место во американскиот Капитол

168
Photo: EPA / KEYSTONE / Fabrice Coffrini

Споменик на Џони Кеш, легендата на кантри музиката, ќе биде поставен во салата на скулптури во американскиот Капитол во Вашингтон, одлучи неговата родна држава Арканзас.

Секоја американска сојузна држава поставува по две статуи во салата на скулптурите, голема галерија во внатрешниот дел на Капитол, зградата во која се наоѓа Конгресот на САД.

Арканзас неодамна објави дека една од новите статуи ќе биде во чест на Кеш, иконата на кантри музиката која ги одбележи генерациите и се смета за еден од највлијателните музичари на 20. век.

Авторот на песната „I Walk the Line“ почина во 2003 година.

Photo: EPA / KEYSTONE / Fabrice Coffrini

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...