Шведската компанија „Икеа“ на почетокот на мај ќе отвори свој изложбен салон во центарот на Белград.
Станува збор за простор со површина од 900 метри квадратни, што се наоѓа во познатата „Кнез Михајлова“ улица.
Во овој салон посетителите ќе можат да се запознаат со асортиманот од понудата на „Икеа“, да добијат стручни совети за уредување на домовите, како и да учествуваат во интерактивни содржини.