Израел тврди дека нападот од Појасот Газа го извршил Хамас

72

Израелската армија го обвини исламското движење Хамас за ракетниот напад врз Израел извршен во утринските часови од Појасот Газа и почна да испраќа трупи на границата со Газа, и да го мобилизира резервниот состав.

Портпарол на израелската армија информира дека за сега се мобилизирани две оклопни и две пешадиски бригади, како и дека почнала мобилизација на резервистите. Армијата заклучила дека истрелал ракета од јужната страна на брегот, во близина на Рафах, и оти се работи за ракета од „сопствено производство“ са дострел до 120 километри.

Во денешниот ракетен напад од Појасот Газа повредени се седум лица, меѓу кои едно бебе, две деца и две жени.

Ракетата истрелана од Појасот Газа погоди куќа во Мишмерет, село оддалечено 80 километри од Појасот Газа, кое е ретко мета на ракетни напади.

Поради нападот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја прекине посетата на САД.

Нетанјаху изјави дека по денешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп ќе се врати во Израел, за како што наведе, „да ја реши кризата“, а инцидентот го оцени како „злосторнички напад“.

Трамп денеска треба да потпише декрет за признавање на израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина.

Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира областа. Во резолуцијата 497 на Советот на безбедност на Обединети нации, донесена по анексијата, Израел се означува како „окупаторска сила“, а обидите на Тел Авив „да ги наметне своите закони, јурисдикција и администрација на окупираната сириска Голанска Висорамнина е безначаен и без меѓународен правен ефект“.

Шестдневната војна позната и како Арапско-израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.

Силите на ОН го надгледуваат подрачјето долж линијата за прекин на огнот од 1974 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...