Израел: Нема договор за прекин на огнот со Хамас, подготвени сме за нови напади

181

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по враќањето од Вашингтон закажа итни воени консултации, по ракетните напади од Газа и одговорот на израелските сили.

Израелски медиуми, повикувајќи се на неименувани израелски официјален лице, јавија дека не е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и  Хамас, додавајќи дека Нетанјаху и дал инструкции на војската да продолжи со напади врз цели на оваа исламискичка екстремистичка организација уште додека патувал кон Израел од главниот град на САД.

– Нема договор за прекин на огнот. Не е готово -изјавил неименуваниот извор, додавајќи дека Израел е подготвен за уште посилни напади.

И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е подготвен да нареди понатамошни акции во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, по израелските воздушни напади како одговор на ракетните напади од оваа палестинска територија врз Израел.

– Можам да ви кажам дека сме подготвени да нападнеме многу посилно. Ќе го нападнеме тоа што е потребно за да го браниме нашиот народ и нашата земја – изјави Нетанјаху.

Извори од Појасот Газа претходно соопштија дека условот на Израел за прекин на огнот бил престанување на сите палестински акции долж граничната ограда, вклучувајќи го и пуштањето на балони со запалив материјал и планираниот протест на границата в петок, по повод одбележувањето на годишнината од почетокот на масовните демонстрации против Израел и израеслко-египетската блокада за Газа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...