Израелската артилјерија нападна болница и пункт за набљудување во јужната сириска провинција Кунеитра, во близина на границата со Израел.
Во нападот немало жртви, затоа што болницата била напуштена. Цел на нападот бил и пункт за набљудување.
Израелската армија во јануари потврди дека напаѓа ирански воени цели во Сирија, откако изврши воздушен напад во близина на аеродромот во Дамаск.