Израел и Палестинците потпишаа договор за електрична енергија

Со договорот ќе се регулира односот меѓу израелската корпорација за електрична енергија и Палестинската компанија за електродистрибуција, која има исклучиво право за пренос на електрична енергија на палестинска територија.

81

По три години преговори меѓу Палестинците и Изреал денеска е потпишан договор со кој палестинскиот енергетски сектор се ослободува од целосната израелска контрола, соопшти Палесинската упраба за енергија.

Со договорот ќе се регулира односот меѓу израелската корпорација за електрична енергија и Палестинската компанија за електродистрибуција, која има исклучиво право за пренос на електрична енергија на палестинска територија.

Договорот има и клаузули за намалување на тарифата за електрична енергија што ја плаќаат палестинските потрошувачи. Договорот вклучува и изградба на нови електрани или купување на електрична енергија од соседните држави, кога електричната мрежа ќе биде во целосна сопственост на Палестинците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...