Израел им ја гаси струјата на Палестинците

164

Израелската национална електроенергетска компанија денеска соопшти дека почнала да го намалува снабдувањето со електрична енергија во палестинските области на Западниот брег поради финансиски долг.

Компанијата соопшти дека го презела овој чекор затоа што Ерусалимскиот округ за електрична енергија, кој е главен дистрибутер на електрична енергија за Палестинците, има долг од околу 485 милиони долари.

Али Хамодех, претставник на палестинскиот дистрибутер, изјави дека очекува во наредните недели струјата да се прекинува два часа дневно во неколку палестински градови. Тој го обвини Израел дека го преувеличува нивото на долгот и оцени дека прекинот на струја е политичка одлука.

Палестинците се потпираат на Израел за речиси целата електрична енергија што ја добиваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...