Израел е подготвен да ги нападне сириските владини сили

303
EPA/JIM LO SCALZO

Израел е подготвен да ги нападне позициите на проиранските групи во Сирија, но исто така и единиците на сириската армија, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху во обраќање во седиштето на лондонската тинк тенк организација „Полиси ексчејнџ“.

Нетанјаху нагласи дека сирискиот претседател Башар Асад мора да биде свесен дека по разбивањето на џихадистичката група Исламска држава (ИД), „неговиот режим“ повеќе нема да биде безбеден доколку го поттикнува или му дозволува на Иран да врши напади врз Израел од територијата на Сирија.

Израелскиот премиер потенцира дека нема да дозволи иранско воено присуство во Сирија чии активности би биле насочени против Израел.

– Последиците од тоа нема да бидат само по иранските сили, туку и по режимот на Асад – порача Нетанјаху.

Израелскиот премиер, кој деновиве ги посети Германија, Франција и Велика Британија во обид да формира заеднички фронт против Иран, вчера во Лондон се сретна со неговата британска колешка Тереза Меј.

На средбата Меј му ја потврдила поддршка на Лондон за Договорот за иранската нуклеарна програма, како најдобар начин за спречување на обидите на Иран за производство на атомско оружје.

На ваквиот став на Меј, Нетанјаху одговорил дека со повлекување на САД од нукеларниот договор, тој е „веќе мртов“.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...