Израел го протера директорот на Хјуман рајтс воч

77

Израел денеска го протера Омар Шакир, директор на организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), надлежен за еврејската држава и палестинските територии.

Тој е првиот човек протеран од израелската територија како дел од контроверзните мерки против бојкотот на Израел.

Од 2017 година, израелските власти забранија влез на нивната територија на странци обвинети за поддршка на движењето БДС (бојкот, прекинување на инвестициите и санкции) против Израел.

Израелското Министерство за стратешки работи изјави дека Шакир е првиот што бил протеран врз основа на забраната.  Израел одби да ја обнови визата за Шакир кон крајот на 2018 година, обвинувајќи го за поддршка на движењето за бојкот, што тој негираше.

По низата жалби на почетокот на ноември, израелскиот Врховен суд даде зелено светло за депортација.

– Не се сеќавам дека која било демократија го блокирала пристапот на истражувач на „Хјуман рајтс воч“. Ова покажува дека ограничувачкиот карактер на израелската демократија се зголемува, рече директорот на ХРВ, Кевин Рот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...