Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа, како одговор на нападите на екстремистичката група Хамас, и покрај тоа што групата прифати примирје.
– Израел ќе престане со трансфер на гас и гориво преку преминот Керем Шалом до следната недела, додека пренос на храна и неопходни лекови ќе биде дозволен, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.
Тој додаде дека ќе биде зајакната и поморската блокада поради што палестинските бродови ќе може да пловат само 4,8 километри од брегот, наместо досегашните 8,4 километри.
И покрај тоа што Хамас се согласи на примирје, продолжија нападите од палестинска страна со запалени балони и летала кои предизвикуваат значитечна штета на посевите и шумите во Израел.
Израелските власти наведоа дека немаат интерес повторно да војуваат со Хамас, но и дека повеќе нема да ја толерираат „екстремистичката кампања“ на групата.