Израелците масовно на улица ја слават евровизиската победа ВИДЕО

269

Илјадници Израелци рано изутринава излегоа на улиците на Ерусалим да ја
прослават победата на својата претставничка Нета Барзилај (25) на Евровизија, одржана синоќа во Лисабон.

Барзилај со техно песната „Toy” го освои првото место на натпреварувањето на Песна на Евровизија.

– Израелците се собраа на плоштадот Рабин пред Градската куќа, а многумина еуфорично скокнаа во фонтаната – пренесува агенцијата „АП“.

Ова е прва победа за Израел од 1998 година, вкупно четврта на ова престижно музичко натпреварување, а која на Ерусалим му ја донесе улогата на домаќин на Евровизија следната година.

„Следниот пат во Ерусалим“ – извикна Барзилај после прославувањето на победникот.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и честиташе на победата на Барзилај, истакнувајќи дека таа е “најголемиот амбасадор“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...