Измените на законот за данок од добивка прифатени од Владата

Со овие измени како што појаснуваат од Владата се врши допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на ослободувањата на донациите за спорт.

334

Владата на денешната седница го усвои и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка.

Со овие измени како што појаснуваат од Владата се врши допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на ослободувањата на донациите за спорт.

„Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка е да се изврши појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на даночното ослободување за дадените донации во спортот преку ваучер системот, трансферните цени, непрофитните организации, непризнатите расходи и други прашања, заради подобрување на нивната имплементација“, појаснуваат од прес службата на владата.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, и ги разгледа и усвои Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Стратегијата за денаризација на Република Македонија.

Владата на Република Македонија ја разгледа Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година, и ја усвои Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 – 2022 година.

На денешната седница, Владата на РМ го утврди Предлог – законот за изменување на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и донесе одлука, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија да го достави до Собранието, а го утврди и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, по скратена постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...