Околу два милиони сопственици на дизел автомобили во Германија можно е да покренат колективна тужба против „Фолксваген“ со барање за обештетување, соопшти германската министерка за правда Катарина Барли.
Германската Влада усвои Нацрт-закон со кој се отвора патот за поднесување колективна тужба против „Фолксваген“, кој во 2015 година призна дека користел нелегален софтвер за мамење на американските тестови за емисија на гасови од моторите на дизел погон.