Во Музејот на македонската борба утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“.
Изложбата е во организација на Музејот на македонската борба и на Здружението за Македонско-чешко друштво Карел IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.
Во рамки на изложбата ќе биде одржана и проекција на документарен филм за моравската мисија на свети Кирил и Методиј.