Изложба на Јанкоска во Бугарија

Изложба се отвора вечерва во „Eville Soe” галеријата во Софија, Р. Бугарија и ќе трае до деветти декември.

221

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на дизајнерката Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба.

Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што
хексагонот, што е во основата на формата, низ облагородување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон.

Изложба се отвора вечерва во „Eville Soe” галеријата во Софија, Р. Бугарија и ќе трае до деветти декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...