– Ова културно уметничко друштво постои 40 години и за сиот тој период претставува културен амбасадор на нашата земја дома и во светот. Над илјада играорци досега биле дел од ова големо семејство. Во моментов стотина играорци и инструменталисти од различни возрасти, ја раскажуваат нашата историја, традиција и култура, рече Александар Арсов, етнокореолог.
Играорци и инструменталисти од ова друштво, денеска се претставија со две изведби на македонски изворни народни песни.
-Целта е да се покаже богатото културно наследство и да се подигне свеста за чување на тоа богатство како најголем аманет од нашите претци кон идните генерации, нагласи Арсов.
Пред присутните се обратија и директорката на музејот Драгица Чекорова и етнокореологот Симе Стоилов , кои исто така изразија задоволство од културната соработка.