Изложба на фотографии на најголемиот француски фотограф на 19-тиот век, Надар

189

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија во четврток во 20 часот, во Мала Станица ќе ја отворат изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19-тиот век и татко на современата фотографија, Надар.

Изложбата, насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија, Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија и Лор Верон, кустос во Музејот Jeu de Paume.

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

Оваа екслузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од Музејот Jeu de Paume, а е поддржана од Зегин и од Охридска банка – Société générale.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...