Колекцијата на фотографии насловена „Елема Монохроматик“ ќе биде изложена во НЛБ Галерија. Изложбата е во рамки на манифестацијата „56 -ти Денови на македонска фотографија“ 2018 година.
Делата претставени на изложбата се од 2012 година, кога по повод 50 години од своето постоење Фото сојузот на Македонија го формираше „Фотомедиа“ клубот и ја состави колекцијата на фотографии од своите членови „Елема Монохроматик“.
Така, автори на оваа изложа се членовите носители на безброј награди и признанија.
Од 2012 година „Елема Монохроматик“ се стекна со висок углед и веќе неколку години е презентирана во повеќе градови низ Европа и Кина.
Изложбата ќе биде отворена на 10 септември во 20 часот.